Протестите против мерките на Владата за сузбивање на пандемијата на КОВИД-19 беа обележани со симболи препознатливи по митинзи и протести организирани од опозициските партии и движења. Сонциња од Вергина, пеење и скандирање против промената на името, како на митинг или протест на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Бојкотирам.
Демонстрантите на протестот палеа маски и убедуваа дека коронавирусот, кој го покоси целиот свет, не постои. Симптоматично е тоа што протестот наликуваше на партиски митинг на опозициските партии, кои се против мерките на Владата за борба против коронавирусот – ВМРО-ДПМНЕ и Левица, пропратено со патриотските обележја на Движењето Бојкотирам.
Од вечерашниот протест станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица тајно ги помагаат и организираат протестите на антиваксерите што само го наметнува прашањето, зошто се кријат?