Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја коментираше моменталната ситуација во Авганистан и ја обвини актуелната администрација на Белата куќа дека не го почитува неговиот план.
Трамп тврди дека неговиот план ги штител американскиот персонал и имот, а исто така гарантирал дека Талибанците нема да ја преземат американската амбасада или нема да си обезбедат база за нови напади врз Соединетите држави.
– Каков срам ќе биде кога Талибанците ќе го подигнат знамето над американската амбасада во Кабул. Ова е целосен неуспех поради слабост, неспособност и целосна стратешка недоследност – истакна Доналд Трамп и додаде дека Талибанците сега немаат страв, ниту ја почитуваат Америка или нејзината сила.