Сателитските снимки на меѓународниот аеродром Кабул во Авганистан покажуваат толпа луѓе кои се обидуваат да стигнат до авионот.
„Додека еден турски авион се подготвува за полетување, се гледа дека безбедносните сили на аеродромот се обидуваат да спречат толпи луѓе да се движат кон други авиони и да ги блокираат операциите на летот“, изјавија од компанијата Maxar, која ги објави сателитските снимки, за Си -Ен -Ен.
Претходно денеска, во медиумите се појави видео на кое се гледа како луѓето на аеродромот се држат за трупот на американскиот воен авион кој се подготвува за полетување.
Во моментов има околу 2.500 американски војници на аеродромот во Кабул кои се обидуваат да го одржат редот на аеродромот, а во следните 2-3 дена тој број треба да порасне на 6.000.