Според политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков, процесот на вакцинација и процесот на борба со ковид е и длабоко цивилизациски чин бидејќи тоа покажува колку една нација е созреана. Зиков посочува дека зад протсетите против владините мерки за борба против Ковид -19 е политички протест кој е организиран од ВМРО-ДПМНЕ и дел од членовите на Левица.
– Македонија не е единствена земја која се справува со ковидот во светот. Цел свет, многу држави многу подраматично поминаа во овој процес, дури и многу посилни држави од Макеоднија. Проценката ми е дека вчерашниот процес е политички мотивиран, поддржан од политички партии, иконографијата беше таква. И мене не ме чуди и пораките што беа пратени од протестот. Подолго време во Македонија се креира една атмосфера контра се што прави владата, мерките, докторите во процесот во борба против ковидот. Повеќе го ценам како обид за хомогенизација на членство пред локалните избори. Во организација на ВМРО-ДПМНЕ и еден дел во Левица, бидејќи таму ги има повеќе од членовите, подолго време наназад во медиумите исоциланите мрежи беа промотори на теоритата на завера дека ковидот е измислен и дека тој практично како да не постои.