САД: Запленети 3.000 лажни потврди за вакцинација од Кина

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Царината и граничната патрола на САД запленија лажни потврди за вакцина испратени од Кина до американската сојузна држава Тенеси минатата недела.

Сертификатите беа обвиткани со честитки, а откако го прочитаа описот на пратката, царинските службеници и граничната патрола „веднаш разбраа за што станува збор“, наведува американската царина.

Пратката била испратена од Тенеси до деловниот кварт во Њу Орлеанс, но царинските службеници ја пресретнале во пристаништето Мемфис.

Царината соопшти дека ова е 15 -та пратка од овој тип и дека внатре има 51 лажни потврди за вакцина со слаб квалитет.

Досега се запленети вкупно повеќе од 3.000 лажни потврди за вакцинација од Кина.