384
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во Хрватска и беше почувствуван во околината на Загреб, Петриње и Сисак, објави хрватската сеизмолошка служба.
Земјотресот се случил во 1.58 часот по локално време, а нема информации за штета.
Според „Хина“, епицентарот на земјотресот бил во близина на Петриње, на длабочина од 10 километри.