Поповски: Владата требаше да излезе со јасни информации за прифаќањето на Авганистанците

од desk4
383 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски, вели дека Владата треба да излезе со јасни информации, за бројот и профилот на авганстанците кои ќе ги прими во Макеоднија. Во спротивно ќе се соочи со недоверба кај граѓаните.
– Владата не покажа никаква подготвеност за ваква операција и нејзина грешка  е што дозволи првите информации да дојдат од десетина други извори дека сме прифатиле иницијатива за примање на бегалци од Авганиста. Владата во јавноста внесе и несигурност порди постојаното лицитирање со бројките на луѓето што ќе ги прифати. Тоа создаде добра почва за недоверба во јавноста. Прво беа 180, па 380, и на крај 450, рече Поповски.

Според Поповски, одлуката на Данска и Франција да не прифатат бегалци создава дополнителна недоверба во водењето на целата постапка околу прифаќањето на бегалците од Авганистан.

-Ние сме земја и нација родена низ страдање. Една или две генерации наназат се сеќава на егејскиот егзодус кога жени и деца бегаа бидејќи беа жртви на насилство и терор. Во тоа време дел од нив нашле прибежиште во соседна земја на Авганистан, во Узбекистан. Не гледам причина зошто ние не би го запамтиле тоа добро дело и не би држеле да ги отвориме вратите особен ако се работи за жени и деца на кои опциите им се сведуваат на тоа да бидат обесени од Талибанците затоа што некој радикален верски лидер проценил дека не се во сооднос со неговите моралните норми. Треба да имаме слух. Но, немам разбирање за ваквиот пристап во кој се остава голем простор на интерпретација и кој влева несигурност кај луѓето кои почнаа гласно да се прашуваат колку ќе бидат, каде ќе се сместт и на кој начин ќе бидат згрижени. Никој не знае колку би можело да трае овој процес.
За најавите од Владата дека стастусот на бегалците ќе се реши врз основа на внатрешникте правни механизи и со хумантарното меѓунардоно право, кои предвидуваат и давање на политички азил, Поповски вели дека таквата формула е неизбеќна.

– Формулата дека ќе ги почитуваме меѓународните правни норми е неизбежна особено ако настапувате од аспект на власт. Како власт не може да имате било каков друг пристап освен тој. Секако дека има основ, почнувајќи од сликите кои ги гледавме од аеродромот во Кабул. Во очите на тие луѓе е исцртан очајот. Да се фатите за тркало од авион за да бидете спасени, кажува дека вашата опција се сведува, Талибанците да ве обесат на бандера или да загинете на аеродромот.