Се уште активни пожарите кај Раовиќ, Патишка река и Ракле

од Берта Китинска
259 прегледи

Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова.

Пожарот на планината Готен, кај село Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на струмичкиот дел.

-Се прават прески и расчистување на лисната маса, а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел се уште има чадење и во моментот нема опасност од проширување. На терен се екипи од Територијалната противпожарна единици од Струмица, МВР – Струмица, единиците на локална самоуправа од Василево, од Министерството за шумарство и водостопанство – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство Беласица, изјави Вчекова.

Слични содржини