На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, министерката Радмила Шекеринска доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката.
“Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт. Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство” е пораката од Вермонт.
Заблагодарувајќи се на медалот, Шекеринска преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека истиот го посветува на сите граѓани на нашата земја. „Моите заслуги се и нивни заслуги“, порача министерката.