„Главниот проблем е во невакциниранте граѓани, немаме проблем со тие кои се вакцинирани“

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање за тоа колку од хоспитализираните се вакцинирани со две дози, бидејќи се тврдеше дека вакцинираните се со лесна клиничка слика, но сепак се на Клиника, изјави дека десетина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани.

– Меѓутоа тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирни граѓани, а вчера таа достигна 600 илјади, многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили – 0,002. Тоа значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани воопшто, немаме проблем со тие кои се вакцинирани. И во другите земји заболуваат, меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој којшто е вакциниран. Заклучокот за она што ни се случува е дека дефинитивно тоа е единствениот механизам и инструмент кој не само ние, туку и цел свет го има за да се смени сликата за пандемијата, изјави Филипче по денешната прослава на Денот на АРМ на РСМ.

Слични содржини