КРАЈ НА НАЈГОЛЕМАТА ФУДБАЛСКА САГА! Мбапе кажал на соиграчите дека…

од Stefanija Kuzmanovska
428 прегледи

Еден од најдобрите фудбалери во светот, младиот Французин Килијан Мбапе, нема да ја промени средината ова лето и останува играч на Пари Сен Жермен.

Шпанска „Кадена СЕР“ открива дека Мбапе им потврдил на соиграчите од клубот дека нема да го напушти „Паркот на принцовите“.

Претходно, извори од клубот објавија дека спортскиот директор Леонардо им рекол и на играчите на ПСЖ дека францускиот репрезентативец ќе остане во клубот.

Мбапе има договор со Парижаните до летото 2022 година, а се шпекулираше дека сака да го напушти клубот пред да истече договорот. Реал Мадрид веќе долго време е сериозно заинтересиран за одличниот фудбалер, па се шпекулираше дека ПСЖ ќе се согласи на трансфер со цел клубот да добие обештетување, бидејќи Килијан не сака да ја продолжи соработката.

Како што стојат работите во моментов, Мбапе ќе остане во клубот до истекот на неговиот договор, па најверојатно следното лето ќе го напушти Париз како слободен играч.

Парижаните неодамна го ангажираа Лионел Меси и со тоа станаа големи фаворити за освојување на Лигата на шампионите, па Французинот веќе не форсира трансфер.

Слични содржини