Родман: Изненаден сум што сум жив

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Поранешниот американски кошаркар Денис Родман е изненаден што е сеуште жив.

Родман е петкратен шампион во НБА, откако освои три титули со Чикаго Булс и две со Детроит Пистонс.

Контроверзниот крилен напаѓач беше и дефанзивен играч на годината – важи за еден од најдобрите дефанзивци досега и можеби најдобриот скокач во НБА лигата, заедно со Вилт Чембрлен, Бил Расел и Мозес Мелоун.

Родман неодамна наполни 60 години и сега во кратко интервју рече дека не ни помислувал дека ќе доживее 60 години.

„Изненаден сум што сум сe уште овде, бидејќи многумина мислеа дека ќе умрам на 40, 45, 50, 55 години, но јас сe уште сум овде и имам 60 години. Тоа е како некој да ме држи за рамо и ми помога да пребродам се и да го исполнам она заради што сум тука, во овој свет“, рече Родман.

Тешко е да се опише како живеел Денис Родман и тој е познат по тоа и надвор од спортскиот свет.

Слични содржини