Мицкоски до Левица „Повелете дојдете“

од desk4
274 прегледи

 

Претседастелот на опозициската партија Христијан Мицкоси вели дека ите што имаат  иста цел како со ВМРО-ДПМНЕ  да ја поразат власта на СДСМ и ДУИ се добредојдени во нивниот „фронт“. Мицкоски ја кани и Левица.

– Доколку Левица навистина сака да делува опозициски и да се приклучат кон опозициски фронт. На тој начин и ние и тие и граѓаните ќе видат дека можело поинаку. Тоа го покажуваат и последните мерења, дека обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова владино мнозинство кое во моментот е многу тенко и во парламентот и во владата. Поканата е отворена, до сите. Тоа важи и за раководстовото на Левица. Доколку вие навистина цените дека треба да се порази ова раководство во владата, предводено од СДСМ и ДУИ, повелете дојдете. Ние сме подготвени да разговараме за се. Имајќи во предвид дека раководството на Левица вели дека нема да кандидираат градоначалници туку ќе оделе само со советнички листи тоа значи дека по победата на локланите избори, по формрање на мнозинствата во општинте ние ќе можеме да разговараме. Но зошто и за време на изборите да не поддржиме барем кандидати за градоначалнци кои ќе бидат предлог на опозициските партии, рече Мицкоски.