Според опозицискиот лидер Христијан Мицкоски новиот опозициски тим што ќе се формира за локалнте избори, ќе биде и новиот бран на политичката сцена во изборната битка. Тој потврди дека преговорите со опозициската коалиција Алијанса и Алтернатива за коалцирање уште во првиот круг се при крај.
-Можам да потврдам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ, спореден со оној стар контаминиран и неспособен тим на градоначалници на СДСМ кој што го повторија, има навистина многу предности, нова визија, нова енергија нов мотив, стратегија и затоа ние ја бараме довербата од граѓаните. Во духот на ова ние градиме мостови и коалиции. Таков еден мост, таква една коалиција градиме со сите политички партии. Да, можам да потврдам дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии на овие избори уште во првиот круг во определени општини да настапиме заеднички. Тоа би било една коалција која ќе го победи срамот, криминалот, пљачката и омаловажувањето на граѓаните, бидејќи солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка и Влаинка, Србинка и Ромка болат подеднакво , кога се простуваат од своите деца, рече Мицкоски.
Според Мицкоски заедно со опозициските партииа на Албанците ќе го координираат и името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Мицкоски не потврди дали претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска е изборот за против канидат на кандидатот на СДСМ Петре Шилегов.
– Да почекаме. Ќе имаме име со кое ќе излезе ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме голем дел од политичките партии а можеби и дел од владејачките партии да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје.