Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија ги помина претквалификациите за Светското кошаркарско првенство во 2023 година.
„Жолто-црвените“ беа поразени во последното коло од Словачка со 72:88, но и покрај тој пораз, одиме понатаму.
Завршивме со скор 2-2, исто како и Словачка и Швајцарија, но одмепонатаму поради подобра кош разлика.
Словачка до победата ја предводеше Михаел Фушек со 23 поени, додека Владимир Бодјански постигна 17.
Во Северна Македонија се истакнаа Кристијан Николов со 17 поени, Адем Мекиќ со 16 и Бојан Крстевски со 15.
По завршувањето на овој натпревар, станаа јасни и последните две селекции кои ќе играат во квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.
Пласман во квалификациите веќе обезбедија селекциите на Летонија и Белорусија кои се дел од групата „Д“. Од групата „Ц“ добитна комбинација имаат Португалија и Шведска, а од групата „Е“, Црна Гора и Исланд.
ПОБЕДНИЦИ НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК 2023:
Португалија
Шведска
Летонија
Белорусија
Црна Гора
Исланд
Македонија
Словачка