Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека во последните денови темата со градењето на Центарот за странци од одредени медиуми максимално се злоупотребува, исто како и пред локалните избори во 2017 година. Спасовски вели дека мигрантската криза трае од 2015 година и за целото тоа време владината политика кон оваа тема не е променета.
-На територијата на РС Македонија не се задржуваат мигранти. За шест години бројките на луѓе кои побарале азил не е поголема од 200. Не се заинтресирни да останат тука, бидејќи до сега транзитирале еден милион и сто илјади мигранти. Имаме два мигрантски центри. Едниот во Гевгелија и другиот во Табановице и тие сега се празни, вели Спасовски.
Според Спасовски изградбата на новиот Центар за странци не треба да се поврзува со ништо друго освен со работењето на МВР.
– Сакам да информирам дека Центарот на странци на МВР функцонира од 2021 година. Тоа значи дека таков Центар за странци имаме повеќе од 20 година и се наоѓа во Гази Баба. Тоа е зграда која била претходно изградена и како времен објект е даден за функционирање на Центарот за странци. Објектот не ги исполнува критериумите, за луѓето кои од разни причини се сместени таму. Според Законот за странци, во Центарот за странци се задржуваат странски државјани кои во рок од 24 часа треба да ја напуштат државта. Најчесто тоа се сезонски рабоници, граѓани на кои им истекла дозволата, забавувачки во угостителски објекти, и лица кои се затекнале без докулмент за идентификација или, пак, при контрола за влез во државата биле задржани. Таму се сместуваат додека треае постапката. И во овој момент имаме странски државјани сместени во Центарот во Гази Баба, вели Спаспвски.
Спасовски, за тв 21, вели дека средствата за новиот Центар за странци се од ЕУ фондовите и дека има веќе избрано изведувач кој ќе ја гради зградата во Стенковец, на територија во сопственост на МВР.
-Тоа е таа манипулација, дека таква зграда се гради во Бардовци. Треба да знаеме дека во секоја држава постои Центар за странци. Во моментот кога ќе се изградиме, ќе ја затвориме зградата во Гази Баба и вработените на МВР ќе се селат таму. Значи не постои градба поврзана со мигранти туку за нормално фуноцнирање и работење на МВР, рече Спасовски
Тој потенцираше дека не треба да се поврзуваат Центарот за странци со луѓето кои од хуманитарни причини бегаат од Авганистан.
– Апелирам до граѓаните да не подлегнуваат на манипулации, бидејќи оваа операција е хумано прифаќање на дел од граѓаните кои одреден временски период ќе бидат кај нас и потоа ќе заминат во САД или, во трети земји. Станува збор за граѓани кои работеле во мисијата на ОН, на НДИ, или, пак, во невладини оргнаизации кои се занимаваат со човекови права и нивни членови на семејството. Ова не се мигранти кои го напушаат Авганистан, туку луца од хумантарни мисии за да не го изгубат својот живот. Владата презеде обврска да сместиме 450 лица. Нивниот престој ќе го платат организациите кои ќе ги носат, или владата на САД. Државата ќе ја обезбеди општествената подршка, лекарски прегледи итн. Владата го задолжи МВР и Агенцијата за национална безбедност да спроведе постапка за вадење на визи за да влезат на територијта на РС Македонија. Ние ги очекуваме списоците за лицата кои ќе пристигнат. Имаме потврда за 6 лица и за 180 лица кои се подготвуваат, а за кои немаме точен датум за пристигнување во државата за да ги провериме соодветно. Тие лица ќе бидат сместени во хотелите, рече Спасовски.
Според министерот за внатрешни работи, со оглед дека овие лица работеле за САД и други меѓународни оргнизции, веќе биле проверувани од безбедносни служби. Така да вели Спасовски не станува збор за милитанти и екстремисти, туку за граѓани цивили, високо образовани луѓе, што се залагале за човекови права, ќе се задржат тука и потоа заминуваат понатаму.