Заев: Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација го имаат напуштено Кабул

од Берта Китинска
199 прегледи

Според последните информации од повеќе извори, сите граѓани кои беа пријавени за евакуација го имаат напуштено Кабул, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Триесет се во Велика Британија, 20 се во Доха, Катар, последните наши граѓани кои беа за евакуација вчера го напуштија Кабул и се во Осло, Норвешка. Сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани. Немаме информации за наш граѓанин кој бил планиран за евакуација, а да е останат таму – рече Заев.

Државата ќе се грижи за сите Авганистанци се додека тие не ја напуштат државата.

– Околу 450-500 лица се. Имаме капацитети да го направиме тоа. Тоа не се бегалци, туку хуманитарци, луѓе кои се обидуваат да го подобрат животот во светот. Утре би стигнале првите граѓани, ќе ги имаме и викендов за згрижување. Ќе бидат сместени во хотелите. Во евиденцијата од граѓани, најголем дел имаат вакцина, тие кои немаат ќе имаат право на бесплатна вакцина – рече Заев.

 

Слични содржини