Османи: 39 наши граѓани кои се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија вечерва се враќаат во Скопје

од Берта Китинска
139 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот Фејсбук посочи дека сите граѓани од Република Северна Македонија се безбедно евакуирани од Авганистан.

„39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британијa и се враќаат вечер за Скопје, додека во Осло, Норвешка се наоѓаат 7 наши граѓани од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјите, ќе бидат упатени за дома; 27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар, чиј трансфер кон Европа сѐ уште не е одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно упатување скорешно упатување кон Скопје“, пишува Османи.