Мажот кој рече дека има бомба во својот камион недалеку од Капитол во Вашингтон, е уапсен по петчасовни преговори со полицијата и евакуација на околните објекти.
Полицијата претходно го опколила и преговарала со возачот , кој тврдеше дека во неговиот камион има бомба, пренесува Ројтерс.
Шефот на полицијата во Капитол, Томас Мангер, изјави за новинарите дека мотивот на човекот е непознат, додавајќи дека возачот на камионот ја пренсувал во живо на Фејсбук целата драма од возило што го паркирал пред Библиотеката на Конгресот, спроти зградата на Конгресот.
Полицијата соопшти дека , човекот го паркирал своето возило на тротоарот и на полицаецот кој му пришол му рекол дека има бомба а во раката држел нешто што наликувало на детонатор.
Осомничениот бил идентификуван од неговата поранешна сопруга, која рекла дека сопругот страдал од шизофренија и дека во минатото на многупати и се заканувал со огнено оружје.