Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот ги повика европските земји да преземат одговорност за мигрантите што доаѓаат од Авганистан, нагласувајќи дека неговата земја нема намера да стане „европска област за складирање мигранти“.
Во обраќањето до владата по состанокот, тој рече дека Европа мора да ја прифати одговорноста за Авганистанците кои ја напуштаат земјата и рече дека Анкара презела мерки долж границата со Иран, што е безбедна рута за авганистанските мигранти кои доаѓаат во Турција, пренесува Танјуг,
Тој рече дека Турција може да разговара со новата влада на Авганистан, која ќе ја формираат Талибанците, со цел да разгледаат некои планови од заеднички интерес.
Откако талибанците го зазедоа Кабул викендов, градот беше во хаотична ситуација, илјадници луѓе се обидоа да побегнат од страв од одмазда и сурово толкување на исламскиот закон наметнато за време на претходното владеење на Талибанците, кое заврши пред 20 години.