Англиски „Скај Спорт“ го потресе фудбалскиот свет со ексклузивната информација дека на Роберт Левандовски му е здосадено од Баерн по седум години и дека би сакале да најде нов предизвик во друг клуб додека тој е се уште во најдобрите години. Иако Скај се смета за сигурен извор на информации, ние не бевме убедени дека веста е навистина вистинита додека не пристигна еден вид потврда од Минхен. Добро информираниот „Билд“ тврди: „Лева е навистин лут“.
Има неколку причини. Првата дефинитивно се заминувања на долгогодишните соиграчи: Давид Алаба во Реал и Џером Боатенг, иако се уште нема нов клуб. Нему му пречи и фактот дека во текот на летото беше тешко да се тренира, бидејќи многу репрезентативци добија продолжен одмор по Европското.
Иако не постои сомнеж дека Баерн и понатаму е најсилен во Германија, тоа не ги задоволува амбициите на Полјакот кој утре ќе го прослави својот 33 роденден. Тој сака Лига на шампиони, сигурно ја сака „Златната топка“. Тој нема да се скара со Баварците, но е вознемирен што тие не сакаат ниту да слушаат понуди пониски од 100.000,00 евра, кои никој нема да ги даде за играч во тие години.
Но, според „Билд“, она што најмногу го мачи Левандовски е – Ерлинг Халанд. Односно, упорното споменување на името на 21-годишниот напаѓач на Борусија како негов наследник на „Алијанц арената“. Левандовски смета дека е во зенитот, совршено физички подготвен и затоа нема потреба да се бара неговиот наследник.
А спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, не крие дека токму тоа го прави со Халанд.
„Секако, врвен фудбалер, добро момче колку што слушам. На крајот на краиштата, 60 натпревари, 60 голови, треба да ги погледнете. Во спротивно, ние би биле аматери“, рече Салихамиџиќ.
И во право е. Едноставно, тоа не му одговара на егото на Левандовски. Сепак, остроумниот „Билд“ го доживува целиот овој неред како лукав план на менаџерот Пини Захави да извлече нов договор за неговиот клиент. Неговиот сегашен истекува во 2023 година, непосредно пред 35 -тиот роденден на Лева.
Баерн се уште не му понудил. Затоа што навистина мисли на Халанд. Впрочем, тој е 12 години помлад. Следното лето, се може да биде многу појасно. Тогаш Халанд навистина би можел да го напушти Дортмунд. Иако, според сите прогнози, Реал сепак е главниот фаворит за неговиот потпис.