Ердоган: Турција нема намера да стане европски склад за бегалци

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Турција нема намера да ја игра за Европа улогата на „магацин за складирање“ на мигранти. Анкара нема таква обврска, одговорност или ангажман, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган во телевизиското обраќање по состанокот на владата.

Шефот на државата, исто така, се осврна на темата за Авганистан и рече дека Турција ќе соработува со талибанската влада доколку е потребно, бидејќи главната цел на Анкара е стабилен и безбеден Авганистан, јавува Анадолија.

Ердоган истакна дека во Авганистан живеат 5.000 турски државјани, од кои 500, заедно со 83 странци, биле донесени во Турција по своја волја.

„Ќе ги транспортираме нашите граѓани, кои се уште чекаат ред за враќање во својата татковина што е можно поскоро. Нивниот број е помал од 300 “, додаде тој.