Милан е блиску до потпишување договор со Тимуе Бакајок од Челси и повремениот француски репрезентативец би можел да пристигне на „Сан Сиро“ многу скоро.
Сигурниот спортски новинар Фабрицио Романо известува дека договорот меѓу двата клуба е близу, и дека Бакајоко ќе се врати во Милано по три години. Во својот прв мандат во „црвено-црниот“ дрес, одигра 42 натпревари, постигнувајќи еден гол со една асистенција.
Тој пристигна во Челси во 2017 година по одличните игри во дресот на Монако, но не успеа да се наметне на Стемфорд Бриџ, па играше на позајмица. Покрај Милан, тој привремено се селеше во Монако и Наполи. 27-годишниот играч од средниот ред има и еден настап за сениорската репрезентација на Франција.
Романо, исто така, известува дека Милан работи на доведување на Пјетро Пелегри, чиј договор со Монако истекува следната сезона.