Др.Шерлек: „Делта сојот е ДОМИНАНТEН и ги бара невакцинираните“

од Берта Китинска
627 прегледи

Српскиот доктор Мирсад Шерлек, кој е државен секретар во Министерството за здравство, посочува дека најголемите жаришта во Србија се на места каде што има најмал број вакцинирани.

Шерлек објаснува дека државата мора да биде подготвена да ги прифати сите пациенти кои се потенцијално заразени, објаснувајќи дека системот не смее да пропадне., Добар дел од луѓето во Србија не знаат дека ковид е смртоносна болест – подвлекува Шерлек.

– Делта вирусот си ја врши својата работа, доминантен е и бара невакцинирани луѓе, а невакцинираната популација е на возраст од 18 до 30 години, како и деца. За среќа, тие имаат поблага слика, но проблемот е што децата можат да бидат носители. Секогаш бараме друг виновник, а всушност ние сме самите виновници. Ковидот ќе биде поразен кога ќе добиеме колективен имунитет, а ќе добиеме имунитет кога сите ќе се вакцинираме – рече Шерлек за Пинк.