Караџовски: Имаше венчавки и забави на кои се заборави дека вирусот постои

од Берта Китинска
375 прегледи

„Ако имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски за Алсат.

Четвртиот бран што избувна од почетокот на август, според здравствените власти ќе го достигне својот пик кон крајот на овој месец. Претседателот на Комисијата за заразни болести, вели дека пациент со делта сој може да зарази 7 други лица упатувајќи критика дека властите не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото.

Тој рече дека за да не се воведува карантин и полициски час по четврт пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно, за што е можно помалку време

Слични содржини