Луѓето често ги занемаруваат постарите кучиња во засолништата, но има многу причини зошто треба да обезбедите дом за напуштени постари кучиња.
Кучињата постари од седум години спаѓаат во категоријата постари кучиња, а еве неколку причини зошто треба да ги посвоите.
Во зависност од расата, кучињата можат да живеат долго по седумгодишна возраст. Бидејќи зад нив има доста години, овие кучиња обично се однесуваат добро во куќата. За разлика од кученцата, постарите кучиња обично се обучени и имаат добри манири.
Дресирани се
Знаат да шетаат со поводник, знаат кога треба да излезат на нужда и често знаат разни трикови. Посвојувањето постаро куче ќе ви заштеди многу време што инаку би го потрошиле на тренинг.
Постарите кучиња имаат помала енергија од кученцата. Ако барате куче за да се релаксирате и да се гушкате, постаро куче е вистинскиот избор за вас. Повеќето кучиња над седум години имаат помалку енергија, иако тоа не значи дека понекогаш нема да си играат со вас, но ќе ве поштедат од уништување на мебелот.
Ќе им го разубавите остатокот од животот
Постарите кучиња обично спијат и се релаксираат поголемиот дел од денот, што е совршено за луѓе со побавен начин на живот. Исто така, кај постарите кучиња, вознемиреноста за разделување е помалку присутна, додека е почеста кај кученцата.
Бидејќи повеќето луѓе претпочитаат кученца, постарите кучиња честопати се занемаруваат во засолништата. Засолништата се преполни и, за жал, многу кучиња стареат и умираат во засолништето. Посвојување постаро куче значи дека ќе го спасите да не го помине остатокот од животот во засолниште.