Зголемен интересот за вакцинација, вчера аплицирани 17.623 вакцини

од Берта Китинска
155 прегледи

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти министерто за здравство Венко Филипче.

-Вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани.Вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 67% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.63% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, информираше Филипче.

Слични содржини