Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ го саботира менаџирањето со кризата предизвикана од коронавирусот и затоа партијата треба да си понесе одговорност.
-Поради тоа што не го потпишуваа заемот со Светска банка, изградбата на модуларните болници каснеше. Дури сега ги отвораме тие болници, го компромитираа начинот за стартување со вакцините, се обидоа да добијат политички поени на сметка на жртвите на трагедиите на тие семејства и најбитно од се, мора да знаат, дека ако се опозициска партија, не значи дека немаат одговност. До сега не сум видел ниту еден нивен претставник да повика на вакцинација, па макар и меѓу нивното членлство. И тоа како се одговорни, затоа што се обидуваа да го саботираат менаџирењето на кризата, рече Филипче за Канал 5 Тв.
Филипче потенцираше дека за време на целиот период од кризата со ковид 19 ниту еден претставник на ВМРО-ДПМНЕ не предложил решение за некој конкретен проблем.
– Сето ова што го гледаме се обиди за политички да се поентира. Ние во оваа ситуација, носиме сериозни одлуки. Ја менаџираме кризата, многу често и со непопуларни мерки. Тогаш ние не водиме сметка за нашите рејтинзи и за нашата популарност. Ги носиме тие државнички одлуки затоа што знаеме дека се во интерес на граѓаните. Во конкретниот случај во интерес на јавното здравје. А што прави ВМРО – ДПМНЕ? Се обидува само политички да поентира врз основа на криза. Како врз основа на панедмијата така и врз основа на пожарите. Во таа смисла од нивна страна нема ниту еден конкретен предлог. Еве пратете ја динамиката. Секогаш кога ќе излеземе со издржани мерки никогаш не се однесувале политички коректно, рече Филипче.