Филипче: Не само кај нас, новиот корона бран се случува насекаде во светот

од desk4
148 прегледи

За обвинувањата во јавноста дека мерките за заштита од коронавирусот се задоцнети, министерот за здравство Венко Филипче, вели дека во изминатите месеци епидемиолошката ситауција била мирна, и би било без логика да се воведуваат рестриктивни мерки.

– Новиот бран предизвикан од коронавирусот не е карактеристика само за нас, бидејќи во исто време гледаме како расте бројот на заболени и во соседните земји, Србија Албанија, Босна , Хрватска, Бугарија. Епидемиолошките криви имаат еднакви временски карактеристики. Точно се знае кога почнуваат, колку се интензивни и колку долго траат. Во таа смисла немаше потреба да се воведуваат рестриктивни мерки. Во изминатите месеци во 18 градови во државата немаше дијагностицирано ните еден заболен. Тогаш немаше никаква логика да се препорачуваат некакви превентивни мерки, рече Филипче.

За секојдневните апели кои доаѓаа од епидемиолозите дека во државта ќе имаме и четврт бран, Филипче вели дека во ниту еден момент не било исклучено дека ќе се случи нов бран.

– И ние предупредувавме дека како се приближуваат есенските месеци, кога луѓето се враќаат од одмори, може да има нов бран. За тоа бевме свесни, предупредувавме. И така ги подготвувавме рестриктивните мерки за да ги воведваме кога ќе имавме пораст на заболен случаи. Имаше земји кои имаа порестиркивни мерки од нашите, како на пример Грција, (ПЦР тест на границите, задолжителните мерки), сепак порано се соочија со нов бран од нас. Ова значи дека само еден е спасот, односно дека имаме само еден инструмент со кој што можеме да ја спречиме пандемијата а тоа е само вакцината. Единствено таа може да ја смени сликата, сите други мерки се придружни мерки ги давмае со цел да се спречи ширењето на вирусот, рече Филипче.