151 сообраќаен прекршок во Скопје, 59 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, четири за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла, три прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли, 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.