Филипче: На граѓаните кои го прележаа Ковид-19 им се намалува природниот имунитет, затоа е потребно што поскоро вакцинирање

од Nikola Popovski
222 прегледи

Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен. Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести тоа го укажува, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена после тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација. Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, дури студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува.

-Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет. Не можеме веќе да чекаме и да се соочуваме со нови бранови, а низок процент на вакцинација. Тоа е логиката и за препораката од 45 дена по прележувањето граѓаните да се вакцинираат. Нема зошто да се одложува вакцинацијата, а бенефитот е подигање на колективниот имунитет, за целосно да се смени сликата со пандемијата, потенцира Филипче во својот статус.

Слични содржини