„Разговаравме со колегите за дел од мерките. Заклучокот е дека засега нема потреба од карантин во Тетово и Гостивар. Сепак, тоа е една голема рестрикција и се става акцент на вакцинацијата, како процес кој што треба да го зголеми колективниот имунитет“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче пред новинарите.
Според проблемот во градовите е што е најмал одзивот за вакцинација.
Тој посочи дека на секој пациент му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, каков што бил примерот од изминатите неколку денови кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.
Во моментов во Тетово има 125 хоспитализирани пациенти. Само вчера се примени 11 нови. 121 од нив се на кислородна поддршка, а во амбулантата, помош побарале вкупно 228 лица. Во изминатото деноноќие починале тројца пациенти, а 6 се пуштени на домашно лекување.