СДСМ: Во времето на Трајановски, парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, гипс-картон и жални врби

од Nikola Popovski
323 прегледи

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со Град Скопје парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, гипс-картон, палми и жални врби во Вардар. Тоа се „инвестициите“ кои останаа зад Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од владеачката СДСМ, како реакција на изјавата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, за разлика од тогаш, денес градската администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов вложува во најсовремени возила и опрема за потребите на градските јавни претпријатија.

-Набавени се над 130 најсовремени комунални возила и автобуси за четири и години и тоа исклучиво од Буџетот на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се управува со градскиот буџет во интерес на граѓаните и градот Скопје. Очигледна е разликата помеѓу одговорното управување со градот од страна на СДСМ и Шилегов и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

-Кога Шилегов се фали дека нешто набавил, нека се присети дека да не беше ВМРО-ДПМНЕ сега уште ќе се возеа старите автобуси од пред 40 години по улиците на Скопје. Градските власти од ВМРО-ДПМНЕ купија 310 автобуси за ЈСП, или 3 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека купил како возила за сите градски претпријатија, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, откако градоначалникот Петре Шилегов објави дека јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно  со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош.

Според неа, во време додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Град Скопје набавени се 100 возила само за ЈП „Комунална хигиена“, во чиј состав влегуваат камиони за собирање на смет, чистење и миење на улици, и тоа е најсовремена опрема каква што имаат и големите европски метрополи.

Слични содржини