Мехмедовиќ: Вакцинираните имаат барем два пати подобар имунитет од прележаните

од Nikola Popovski
753 прегледи

„Во однос на помладите, предупредувме дека овој сој на Ковид-19, многу почести ќе ги напаѓа невакцинираните и оние кои што имаат хронични болести. Затоа и честопати во извештаите на МЗ можеме да видиме дека голем од смртните случаи, меѓу 20 и 30 % се на возраст меѓу 18 и 49 години. Стапката на смртност кај оваа популациска група е значително поголема отколку кај алфа-сојот на корона“, изјави доктор Злате Мехмедовиќ за Сител ТВ.

Според него, тој предупредил дека ќе имаме силен и долг бран, но зголемениот интерес за вакцинација може да даде разултати за движењето на пандемијата.

„Новите студии покажуваат дека вакцинираните имаат барем два пати подобар имунитет од прележаните, но тоа не значи дека нема да има понатамошна потреба од нови дози на имунизирање поради мутирањето на вирусот. Многу е тешко да кажеме дека со една вакцина ќе ја сопреме пандемијата. Се соочуваме со варијанти и ќе треба нивно постојано апдејтирање. Спутник направи апдејт за делта сојот, исто така и Синовак и Синофарм за своите вакцини“, вели Мехмедовиќ.

Слични содржини