244
Имаме воспоставено систем преку кој добиваме листа со имиња и податоци за авганистанските бегалци, кои потоа се проверуваат во МВР и АНБ и не треба да се грижиме за безбедносен ризик, уверува советникот за надворешна политика во Владата, Едмонд Адеми. Тој на Сител истакна дека во овој момент станува збор за бројка од 643 луѓе, иако, додава Адеми, можеме да прифатиме до 1.800.
-Сите овие луѓе ќе бидат процесуирани кон САД или трети земји. Тие веќе работат за реномирани меѓународни организации и фирми, а ние привремено ќе ги згрижиме додека им се извадат специјални мигрантски визи за во САД. Кај нас, согласно Законот за странци, ќе им се издава виза за престој до 90 дена – вели Адеми.