Азески упати телеграма со честитки до новиот претседател на Унијата на стопанските комори на Грција

од Берта Китинска
259 прегледи

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати честитки до својот колега, Јанис Хаџитеодосиу, по повод изборот за нов претседател на Унијата на Стопанските комори на Грција, со надеж за продолжување на долгогодишната соработката што ја имаа двете комори на полето на бизнис заедницата.

Во честитката, претседателот Азески, ја потврди својата определеност дека и понатаму ќе продолжи на реализирањето на договорените активности помеѓу двете комори од интерес на бизнис заедниците од двете земји и најави дека ќе оствари официјална средба со својот колега Хаџитоедосиу, во текот на месец септември во рамките на регулирање на односите во повеќе области.

Новиот претседател Јанис Хаџитеодосиу е роден во 1963 година во Агринио, а студирал економија на Универзитетот во Пиреја. Кариерата ја започнал во осигурителната индустрија во 1990 година, како консултант за осигурување во компанијата „Национале Недерладен“. Во 1992 година ја основал агенцијата „Осигурување Хацитeодосиу“, а во 1998 година ја основа компанијата „МЕГА Осигурување ООД“. Од 2005 година е претседател и извршен директор на најголемата компанија посредник во Грција, „МЕГА БРОКЕРС СА“. Извршувал и неколку јавни функции, како: претседател на Советот на општината од 1990 до 1994 година и директор на болница од 1993 до 1996 година. Бил член на Одборот на директори на СЕМА (Грчката асоцијација на осигурителни агенти), на повеќе Здруженија на медијатори, како и на Одборот на директори на ЕИАС (Институт за осигурителни студии). Од 2014 година е претседател на Атинската трговска комора и член на Стопанската комора на Грција, а во август 2021 година, стана претседател на Унијата на грчките стопански комори.

Слични содржини