Спасовски: ЕБР е клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста

од Берта Китинска
310 прегледи

Македонската полиција, денеска одбележува уште еден, исклучително значаен настан 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

-Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е единица која по својот состав, улога, професионални специфики, како што впрочем и напишав во воведниот текст од монографијата по повод овој дводецениски јубилеј на нашите колеги од ЕБР, претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата, нагласи  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното обраќање на пригодната свеченост, по повод одбележувањето 20 години од нејзиното формирање.

Македонската полиција, денеска одбележува уште еден, исклучително значаен настан 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, организациона структура која што темелно е позиционирана во нашиот систем на полициско функционирање и дејствување.

– И притоа, дозволете ми да го споделам не само своето лично, туку и општо уверување дека сите нејзини припадници од 2001-та година, кога е формирана Единицата, па сѐ до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, сето тоа недвосмислено го докажаа и покажаа, овозможувајќи оваа полициска организациона единица да биде она што е денес: суштински неопходна полициска формација, особено во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување во оној севкупен концепт на европски полициски систем на безбедност, кон кој што целиме и интензивно го градиме во изминативе неколку години, истакна министерот Спасовски.

 

Слични содржини