Расте бројот на заболени во Тетово и Струмица

од Берта Китинска
355 прегледи

Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти заболени од Ковид-19.Според директорката д-р Катерина Кузмановска, иако секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите, сепак, во споредба со изминатите денови, многу малку е зголемен бројот на пациенти коишто се на болничко лекување.

-Капацитетот на Инфективното одделение скоро е исполнет, но заради заминувањето и доаѓањето на нови пациенти успешно го менаџираме лекувањето. Имаме голем наплив од пациенти во дневната болница за преглед и затоа апелирам до матичните лекари да ги прегледуваат тие со полесна слика и да им препишуваат терапија, рече директорката д-р Катерина Кузмановска.

И изминатите 24 часа во тетовската болница се бележи смртен случај кај еден пациент меѓу хоспитализираните луѓе заразени со Ковид-19. Нови примени се 14 лица на болничко лекување.

-Во моментот има вкупно 120 лица кои се хоспитализирани, од кои 119 се на кислородна поддршка. Од нив 10 се вакцинирани само со една доза, додека четворица се со две дози. Починатиот пациент бил со хронична болест, информира Д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.

Извор: МИА

Слични содржини