Тепачка со столчиња и маси во Центар Жупа (ВИДЕО)

од Берта Китинска
405 прегледи

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четворица дебрани, кои предизвикале тепачка пред слаткарница во Центар Жупа, седиштето на општината.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство”, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18 месецов околу 22:00 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и користејќи тврди предмети и физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид за МИА.

Од полицијата тврдат дека неточни се информациите во дел на медумите каде се наведува дека станува збор за тепачка во чајџилница во Дебар и слаткарница во Центар Жупа, и причината дека била непоседување сертификат за вакциниција против Ковид.

Слични содржини