Бројката на заразени расте – критична состојбата во гостиварската болница

од Берта Китинска
233 прегледи

Притисокот најмногу се чувствува во најголемата здравствена установа, општата болница „Ферид Мурад”. Таму веќе се врши реорганизација на одделенијата и се прават дополнителни приклучоци за доток на кислород, неопходен за лекување на пациентите.

Во моментов во гостиварската болница се лекуваат над сто пациенти, од кои повеќето на кислородна поддршка.

– Ситуацијата е критична. Но, по денешните консултации што ги имавме со персоналот задолжен за лекување на пациентите со ковид19, синоќа беа примени помалку за разлика од претходните денови. Во моментов во гостиварската болница болнички се лекуваат 108 лица. Вчера, во амбулантата на инфективното одделение имало 42 прегледи од каде што некои пациенти беа испратени „ковид одделенијата” и модуларната болница. Од 108 пациенти, на 68 им се дава терапија со кислород. За жал, имавме и два смртни исходи, вели за МИА директорот на Општата болница, Јакуп Јакупи.

Слични содржини