Само со масовна вакцинација ќе успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање.Граѓаните треба да покажат одговорност кон своето и јавното здравје и да ја искористат можноста да се вакцинираат на еден од бројните вакцинални пунктови, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Тој упати повик и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски.
-Наместо да прават евалуација на кампањата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат.Наместо да поддржуваат протести против вакцинација, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.Оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани, рече Коциќ.