Коциќ: Одобрено е вработување на вкупно 1.117 лица во јавните здравствени установи во земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Со одлука на владата предводена од СДСМ одобрено е вработување на вкупно 1.117 лица во јавните здравствени установи во земјата, на неопределено време. Ова се важни работни места, на приоритетен здравствен кадар за целиот здравствен систем и за подобрување на состојбите во македонското здравство, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

„Инвестирањето во човечкиот капитал, во луѓето е наша политика но и нашата најголема вредност.

Сите оние млади доктори кои што работат во моментов под договор ќе можат да го продолжат свое работење во јавните здравствени установи и да го надополнат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата.

Овие одлуки се континуитет на одлуките во здравството, а со кои се подобруваат условите за здравствените работници, бидејќи задоволни здравствени работници значи и задоволни пациенти.

Тука секако спаѓаат и политиките на СДСМ за покачување на платите, усовршувањето на здравствените работници и капиталните проекти со кои се подобрени условите во здравството.

Вложивме во достоинството на лекарите и медицинскиот персонал.

Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу до 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти.

Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства.

На специјализантите овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.

Оваа година во октомври е потпишана Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници во јавните устнови.

Со СДСМ докторите, сестрите, здравствените работници, сите добиваат повеќе. Со СДСМ има повеќе за сите“, наведе Коциќ.

Слични содржини