Црни бројки: 32 смртни случаи од Ковид-19, најмладиот имал 32 години

од Nikola Popovski
184 прегледи

Црни бројки во однос на бројките на починати од Ковид-19. Според последниот извештај, регистрирани се 32 починати лица.

Билансот изнесува по 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).

Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.

Фото: D-KEINE/GETTY IMAGES

Слични содржини