Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци – ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

од Берта Китинска
292 прегледи

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, а најголемиот  дел од нив ќе бидат сместени на периферијата на Скопје, информираше владиниот портпарол Душко Арсовски.

-За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука  од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците.Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје , кажа Арсовски.