Пред 10 години очи ќе извадев на секој кој ми кажуваше дека треба да си вакцинирам 24 часа старо бебе со вакцина против Хепатит Б и БСЖ вакцина …Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини. Доволно сум мудра и паметна за да знам дека сум тапа за наука за која некој поминал 20 години во лабораторија, и некој кој последниве, речиси две години, не видел сонце работејќи на мисијата за спасување на светот, пишува на својот Фејсбук профил активистката Лиса Баута Шаќири.
Таа вели дека е еден од најстарите активисти против присилната вакцинација , но сепак се вакцинирала.
– Прележав Ковид уште лани, фала Богу никого не заразив и до скоро имав антитела… Одлуката да се вакцинирам не ја донесов за да се заштитам себеси, мојот организам одлично се бореше против Ковид и сигурна сум дека дури и да се заразев повторно, исто така добро ќе поминев. Но, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе!, пишува во својата исповед Баута Шаќири.