Заев: Колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се дечињата на училиште

од Nikola Popovski
266 прегледи

Училиштата и наставниот кадар интензивно се подготвуваат, а Владата заедно со МОН ги вложува сите напори во обезбедувањето здравствено безбедни средини за учениците. Затоа и ја стимулираме вакцинацијата, бидејќи колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се дечињата на училиште, објави премиерот Зоран Заев.

Според него, пандемиската година беше тешка за сите, особено за учениците кои не можеа да се социјализираат и дружат со своите врсници во школо, но и за наставниците и родителите кои ги водеа низ процес на онлајн настава.

-Честитам на сите за досегашните вложени напори за децата да не изгубат од наставата, заеднички успешно се изборивме со психолошко-социјалните предизвици.Затоа оваа учебна година, имајќи постојан прилив на вакцини и значаен процент на вакцинирано население и наставен кадар, како и строги протоколи за заштита на дечињата, го враќаме физичкото присуство во училиштата. Ги враќаме насмевките и дружбата кај учениците. Упатувам уште еден апел до сите возрасни и родители на деца над 12 години, да се вакцинираат што поскоро и сите заедно да придонесеме за ваквото враќање во нормала, кое е најзначајно за децата во развој, потенцира Заев.

Слични содржини