Аеродромци, да донесеме победа – заедно да ја направиме нашата општина уште поубаво место за живеење!, објави пратеникот од СДСМ, Александар Филиповски на својот Фејсбук профил, откако беше соопштено дека е кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
Тој се заблагодари за довербата да биде кандидат за градоначалник.
-Наскоро ќе ја презентираме програмата според која ќе работиме во следните четири години. Во неа ќе бидат опфатени конкретните потреби на секое маало – за поквалитетно секојдневие за сите граѓани, потенцира Филиповски.
Актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин нема да добие можност да „трча“ по втор мандат.
СДСМ досега објави имиња за кандидати за градоначалници за 50 општини, меѓу кои и за Град Скопје каде втор мандат ќе бара актуелниот градоначачник Петре Шилегов.