Пеп Гвардиола потврди дека ќе ја напушти клупата на Манчестер Сити кога ќе му истече договорот во 2023 година.
Тој се приклучи на редовите на „граѓаните“ во 2016 година и досега освои три титули во Премиер лигата. Шпанецот истакнува дека по седум години поминати во Сити, дефинитивно ќе му треба одмор.
„Мислам дека е долго време. „Вистинско време е да застанете, да направите пауза и да одлучите што понатаму“, рече Гвардиола.
Во досегашната тренерска кариера тој ги водеше Барселона, Баерн и сега Сити.
„Би сакал да преземам репрезентација во иднина, или од Европа или од Јужна Америка, би сакал да учествувам на Европското првенство или на Копа Америка. Тоа би било драгоцено искуство “, рече Гвардиола.