Иселениците ќе можат да вадат патни исправи во амбасадите и конзултатите

од Берта Китинска
316 прегледи

Jа кратиме постапката за издавање на граѓански патни исправи на нашите државјани кои престојуваат надвор од државата, рече денеска министерто за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-МВР заедно со МНР инициравме и финализираме проект за инсталација на базни станици најпрво во 9 дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во странство, со што овозможуваме прием на барањата за патни исправи во ДКП-та и нивно процесуирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време.Досегашната постапка преку Мобилни базни станици траеше и по неколку месеци, наспроти можноста сега да бидат изготвени од страна на МВР за период не подолг од 15 дена и да бидат доставени до МНР за дистрибуција до нашите граѓани во странство. Ова е уште една потврда дека нашата цел е да бидеме сервис на граѓаните, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби, со подобар пристап до правото да добијат навремено личен документ, кој им е потребен за остварување на правата во државата каде живеат, рече Спасовски.