Министерката за образование и наука Мила Царовска попладнево изјави дека ресорното министерството на Владата ѝ предложила три сценарија за почеток на наставата.
-Целосно физичко присуство, целосна онлајн настава или хибриден модел – дел на учениците во училиште, дел онлајн. Во моментов наставата ќе започне со физичко присуство, како што се препораките на УНИЦЕФ, односно училиштата први да се отворат и последни да се затворат, се со цел да се запази интересор на детето и правото на учење, рече Царовска за емисијата „Жешко политичко лето“.
Таа информира дека од физичко присуство согласно протоколите и одлуката на Владата, можат да бидат изземени сите оние ученици кои имаат хронична болест и оние кои што имаат родители или член на домаќинството со хронична болест, но и исто од немедицински цели.
-69 % од наставниците се вакцинирани, додаде Царовска.